Храбра Индијка го убила леопардот што ја нападнал

Од:

Индијката Камла Деви (56) „вооружена“ само со земјоделски алатки, го уби опасниот леопард, што ја нападнал додека таа минувала низ грмушките, во близината на нејзиното село во северната индиска сојузна држава Утараканд.

Жената била да црпи вода од блискиот канал за наводнување, кога наднаш врз неа се нафрлило големото животно.

Деви почнала да се бори со леопардот, замавнувајќи со српот и со мотиката што ги имала со себе. Борбата траела безмалку половина час, се додека во еден момент храбрата жена, со острицата од српот не го усмртила животното.

– Мислев дека огромниот леопард ќе ме убие, но реагирав инстиктивно и почнав да се борам за својот живот. Не знам од каде ми се појава храброста да му се спротивставам, но на крајот го совладав, им изјави на индиските новинари Деви, кога ја посетија во болница.

Лекарите соопштија дека таа има низа остри гребнатини по целото тело, од канџите на животното, како и скршеници на рацете, но дека е надвор од животна опасност.

Шумарите од тој дел на Индија, како и лекарите, се вчудоневидени како Камла Деви останала жива во нејзината борба со опасниот леопард.

Во последните две недели, ова е втор инцидент, во кој леопарди напаѓаат жени.

Една селанка минатата недела беше убиена, додека друга остана тешко повредена од нападите на овие опасни животни.

Селаните објаснуваат дека зачестените напади, се последица на забрзаното населување на индиските шуми.

Леопардите почнаа да се јавуваат во непосредна близина населбата, кога луѓето навлегоаа во територијата што некогаш беше целосно ненаселена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати