Хосни Мубарак осуден на три години затвор поради корупција

Од:

Поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак денеска е осуден на три години затвор поради корупција, а неговита двајца синови, за истото дело, на добија затворски казни од по четири години.

Мубарак се товари за присвојување на државни средства и за корупција, извршени заедно со неговите синови Гамал и Ала.

Сите тројца се казнети и со три милиони американски долари, а ќе мора да вратат 17,6 милиони долари (околу 13,5 милиони евра), за кои Судот утврди дека ги присвоиле од буџетот на претседателската палата.

Пресудите ги изрече суд во Каиро, три и пол години по народниот бунт, со кој беше ставен крај на 30-годишното владеење на Мубарак.

Во текот на судењето тројцата ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека станува збор за „апсурдни и сосема неточни тврдења“, затоа што, како што изјавија, тоа никогаш не се случило.

При изрекувањето на пресудите, Мубарак беше облечен во костум и седеше во инвалидска количка, додека синовите беа во бела затворска униформа.

На Мубарак му се суди, исто така, и за злоупотреба на власта и за убиство на демонстранти за време на бунтот во 2011 година.

Во 2012 година, за ова обвинување тој и поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал Адли беа осудени на доживотен затвор, но во јануари минатата година, Апелацискиот суд ја укина пресудата и нареди ново судење.

Мубарак поради болест и поодминатите години, престојува во воената болница во Каиро, каде се наоѓа во услови на домашен притвор. Не се знае дали по денешната пресуда тој ќе остане во болницата или одново ќе биде префрлен во затворска ќелија.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро