Хосни Мубарак нема недвижен имот и банкарски сметки во Албанија

Од:

Поранешниот египетски претседател и членовите на неговото семејство немаат недвижен имот и банкарски сметки во Албанија.

Ова, според тиранскиот весник „Панорама“, е резултат од верификацијата што ја направило албанското Обвинителство, врз основа на барањето добиено од египетските власти. Имено, египетските власти бараа од албанските власти да спроведат истрага за имотот на Хосни Мубарак, неговата сопруга Сузан Салех Сабет, неговите два сина како и блиски соработници.

Египетското обвинителство официјално побара и од македонските власти да проверат дали екс претседателот на Египет, Хосни Мубарак има недвижен имот и банкарски сметки во Македонија.

Барањето од египетските власти е поради тоа што се сомневаат дека 84-годишниот Мубарак и 47 поранешни претставници и членови на семејството, дел од нивните средства ги трансферирале во Македонија и во Албанија, наведува весникот. Сомненијата се дека 47 лица блиски до Мубарак, чиј идентитет им е познат на правосудните органи, со злоупотреба на властите во период од 1982 до 2010 година стекнале имот вреден 185 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет