Хосни Мубарак и двајцата негови синови осудени на затвор за корупција

Од:

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, кој во 2011 година беше соборен од власта со народното востание, осуден е на три години затвор за корупција и финансиски злоупотреби на државни средства во вредност од над 10 милиони евра, пренесоа светските агенции.

За истите обвиненија на по четири години затвор се осудени и двајцата синови на поранешниот претседател. Тие се товарат за отуѓување државни средства наменети за обнова на претседателските палати, што потоа биле искористени за зголемување на семејниот имот, посочуваат британските меидуми.

Судскиот процес против Мубарак повторно беше отворен во судот во Иаиро, откако Касацискиот суд ја укина пресудата од три години
затвор, што во мај минатата година беше донесена во прва инстанца и притоа нареди ново разгледување на предметот.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина