Холандски експерти идентификуваа 127 жртви од авионската несреќа во Украина

Од:

Холандски експерти за судска медицина идентификуваа вкупно 127 жртви од несреќата на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина и објавија 20 нови имиња на загинатите, јави холандската телевизија НОС.

Меѓу 20-те нови идентификувани жртви има 15 Холанѓани. Националноста на останатите не е објавена.

Потрагата во останките на жртвите на местото на несреќата беше прекината минатата недела поради вооружените судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

Холандската Влада изрази надеж дека истрагата ќе продолжи и екипите ќе можра да се вратат на терен по смирување на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици