Холандската Влада пред колективна оставка поради лошо управување на државна помош за згрижување деца

Од:

Холандската Влада на премиерот Марк Руте размислува колективно да поднесе оставка поради извештај во кој се обвинува за лошо управување со субвенциите за згрижување деца, кои илјадници семејства ги втурнаа во финансиска пропаст, инсистирајќи на тоа дека целосно ќе управува со ситуацијата Ковид-19, дури и ако ќе работи во статус на техничка влада.

Парламентарната истрага заклучи минатиот месец дека е направена невидена неправда кон невини семејства, кои беа принудени да вратат десетици илјади евра субвенции, што доведе до невработеност, банкрот или развод.

Руте, кој е на функција од 2010 година, на крајот на минатиот месец рече дека аферата, која трае скоро цела измината деценија, е срамота.

Околу 10.000 семејства добија компензација во износ од најмалку 30.000 евра.

Семејствата оваа недела поднесоа обвиненија против петмина политичари, вклучувајќи ги министерот за финансии Вопке Хоекстра и министерот за економија Ерик Вибес, за нивната улога во лошото управување.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски