Хојт Ји: САД остануваат на Балканот

Од:

САД имаат намера да останат присутни на Балканот и да бидат важен партнер на регионт, бидејќи неговата иднина лежи на Западот, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји.

– Најмалку последниот четвртина век, САД се активен и важен партнер на Западниот Балкан и планираме да продолжиме да го правиме тоа. Нашата цел за време на повеќе мандати на американската администрација е да работаме со нашите партнери на јакнење на демократските институции и спроведување на реформите потребни за евроатланска интеграција. Тоа останува наш приоритет, изјави Хојт Ји во интервју за подгорички „Вијести“.

Според него, САД планираат да го сторат тоа преку зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и обезбедувањето владите да бидат транспарентни и одговорни.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија