Хјуман рајтс воч го обвини Израел за кршење на законите за војување

Од:

Организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) го обвини Израел дека ги прекрши законите за војување со убиството на 12 цивили во воздушниот напад во неодамнешната осумдневна офанзива врз Појасот Газа.

Израелските воздухопловни сили ја нападнаа куќата на семејството Дали, во градот Газа, убивајќи 10 членови од семејството и уште двајца други цивили.

Израелската армија соопшти дека во оваа куќа се криел висок екстремист од Хамас, вмешан во ракетните напади врз Иарзел. Потоа се утврди дека нападот врз куќата бил грешка и наводно споменатата цел била во соседната зграда.

ХРВ тврди дека Израел за цел имала полициски офицер од понизок ранг.

Во денешното соопштение на организацијата се наведува дека нападот бил незаконски заради големиот број убиени цивили, пренесуваат американските медиуми.

Израелската армија соопшти дека настојува да се минимизираат цивилните жртви и дека цивилите никогаш не биле нивна цел. Таа ги обвинува есктремистите дека ги користат цивилните згради како засолништа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан