„Хјуман рајтс воч“: Египетските сили направија злосторство врз човештвото

Од:

Египетските сили за безбедност најверојатно направија злосторство против човештвото, кога минатата година го задушија исламистичкиот протест, соопшти „Хјуман рајтс воч“.

Барајќи од ОН да спроведат истрага за тоа каква била улогата на египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси и шефовите на безбедносните служби, ХРВ во најновиот извештај ги обвини силите за безбедност дека намерно користеле прекумена сила против приврзаниците на исламистичкиот претседател Мохамед Морси.

НРВ наведе дека на 14-ти август 2013 година на плоштадот во Каиро, се убиени најмногу демонстранти во текот на еден ден, во најновата светска историја.

Египетската влада гневно реагира на извештајот, негирајќи ги обвиненијата наведени во него.

Покрај тоа што им забрани на раководителите на ХРВ да влезат во Египет, за да го претстават извештајот, владата ја обвини оваа невладина организација со седиште во Њујорк, за пристрасност и дека им служи на интересите на муслимански браќа, од која потекнува Морси и која што владата ја прогласи за терористичка група, наведе „Асошиејтед прес“.

Извештајот на ХРВ е заснован на истрага, за инцидентите кои што се случија по отповикувањето на Морси, на 3-ти јули 2013 година.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро