Хит на интернет: Словачкиот претседател не знае граматика

Од:

Словачкиот претседател Иван Гашпарович не знае граматика, се шири како вест на Интернет заедно со фотографија на текст кој го напишал шефот на словачката држава.

– Навистина ми е мило, што имав можност да го посетам „овој дом на убавината“, напишал Гашпарович потпишувајќи се во книгата за гости при посетата на Изложба на чаеви и бонсаи во словачкиот град Нитра.

Фотографијата ја објави индонезиската амбасада во Словачка, која е организатор на Изложбата. Словачкиот претседател, при потписот воопшто не ја испочитувал словачката граматика, направил грешка во интерпункцијата, не ставил апостроф над една буква и точка на крајот на реченицата.

gramaticki-greski

Оваа грешка наиде на многу непријатни коментари на Интернет, кои алудираат на писменоста на првиот човек на Словачка.

Словачкиот претседател е постојана мета на новинарите и обичните граѓани, кои како едвај да чекаат да му„уловат“ некоја грешка.

Тој во минатото е познат по својот лапсус кога Организацијата на обединетите нации ја именуваше како Организација на обединетите тумори, правејќи инверзија на неколку букви во словачкиот јазик.

Исто така, долго се зборуваше за неговото обраќање кон една новинарка дека тоа го има „бело на црно“, наместо познатиот сленг „црно на бело“, кога сака да се потенцира нешто за што има писмен доказ.

Има уште многугафови на Гашпарович, но вреди да се спомене и оној кога поранешниот поглавар на Католичката црква Бенедикт Шеснаесетти го нарече Доминик Шеснаесетти.

Би можело да ве интересира

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он

Зеленски го поддржа соборувањето на Фицо

А1он