Хирошима одбележува 70 години од атомската бомба

Од:

Жителите на Хирошима, денеска ја одбележуваат 70-годишнината од атомскиот напад, што го изврши американското воено воздухопловство врз овој јапонски град, на крајот од Втората светска војна.

Фрлената бомба врз Хирошима, утрото на 6 август 1945 година, како и врз градот Нагасаки, три денови подоцна, ја изнудија капитулацијата на јапонската армија и обезбедија завршување на Втората светска војна и на Далечниот Исток, три месеци по завршувањето на војувањето во Европа.

Хирошима 3

Атомската бомба, меѓутоа, само во Хирошима, предизвика смрт на 140 илјади луѓе.

Американскиот бомбардер Б-29, означен како „Енола Геј„ ја фрли атомската бомба врз овој јапонски град, која експлодира на 600 метри над земјата, предизвикувајќи веднаш смрт на најмалку 70 илјади луѓе и целосно уништување на Хирошима.

Уште толку луѓе умираа следните денови, недели и месеци по атомскиот напад, како последица на тешките повреди и ранувања, од силната радијација и од контаминираната околина.

На комеморацијата во Хирошима, што се одржа во Меморијалниот парк на мирот, уреден на епицентарот од атомскиот напад, присуствуваше и јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

Хирошима 2

Зборувајќи пред повеќе од 40.000 луѓе, премиерот Абе повика на глобално нуклеарно разоружување и на откажување на светот од ова страшно оружје.

„Атомската бомба, фрлена врз овој град, не предизвика само смрт на илјадници луѓе, туку и неописливо страдање на преживеаните, рече во своето обраќање, премиерот Шинзо Абе.

На комеморативната церемонија во центарот на Хирошима присуствуваше и американскиот амбасадор во Јапонија, Керолин Кенеди.

Подоцна сите гости присуствуваа на церемонијата на пуштање на илјадници фенери од хартија, над реката Мотојасу, кои го симболизираат „патувањето во задгробниот живот“ на сите оние кои загинаа во атомскиот напад од пред 70 години.

Би можело да ве интересира

78 години од атомскиот напад на Хирошима

Преживеан од бомбардирањето на Хирошима почина на 96 години

Ана Ололовска

Јапонија ја одбележува 71. годишнина од експлозијата на атомската бомба во Хирошима

Емир Латифовиќ

Нагасаки одбележува 70 години од експлозијата на атомската бомба

Емир Латифовиќ

Цветна патека на мирот

Емир Латифовиќ

Над 5.000 нови имиња додадени за една година во списоците со жртви од атомската бомба над Хирошима

Ана Ололовска