Хилари Клинтон го избра сенаторот од Вирџинија, Тим Кејн за кандидат за потпретседател

Од:

Хилари Клинтон, која практично ја обезбеди номинацијата на Демократската партија за претседател на САД, го избра сенаторот од Вирџинија, Тим Кејн за кандидат за потпретседателската функција.

Таа на Твитер објави дека го избрала Кејн „човекот, кој го посветил животот на борба за другите“.

Предвидено е Клинтон и Кејн денеска да учествуваат на предизборниот митинг во Мајами.
Кејн (58) се смета за искусен политичар, чија цела кариера е поврзана со Вирџинија. Тој е еден од 20 лица во американската историја кој бил градоначалник, гувернер и сенатор. Кејн завршил право на Харвард, зборува шпански јазик, а неговата сопруга е секретар за образование на државата Вирџинија. Има три деца.

Кандидатите на демократите за претседателските избори официјално ќе бидат утврдени на конгрес во Филаделфија следната недела. 

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19