Хезболах го нападна Израел со дронови и ракети, има жртви

Од:

Либанскиот Хезболах се пофали со серија напади со беспилотни летала, ракетни и артилериски напади врз северен Израел, во близина на границата со Либан. Од почетокот на војната на 7 октомври, Израел и Хезболах секојдневно се судираат, најмногу во пограничната област. Во оваа прилика користеле три дронови.

Исто така, беше објавено дека артилерискиот оган бил насочен кон позициите каде што биле стационирани израелски војници во областа. Со ракети Буркан беа погодени и неколку израелски воени позиции во близина на границата. Се наведува дека во нападите има и жртви. Израелската армија го потврди нападот и дека од либанска страна биле истрелани 25 ракети.

Како одговор на нападите од Либан, тие ја гаѓаа „терористичката инфраструктура на Хезболах“ со артилерија, борбени авиони и хеликоптери. Израелците, исто така, гаѓаа „ќелија која се обиде да истрела противтенковска ракета од регионот Марвахин“, во близина на границата.

Водачот на Хезболах Хасан Насрала на 11 ноември изјави дека неговите борци користат ново оружје, вклучително и ракети Буркан, кои можат да носат од 300 до 500 килограми експлозив.

Во секојдневната размена на оган долж границата од 7 октомври досега, во Либан загинаа најмалку 90 лица, главно борци на Хезболах, но и 11 цивили. На израелска страна загинаа девет лица, од кои шест војници.

Би можело да ве интересира

Гутереш: Не сум видел толку многу смрт и уништување како во Газа

Над 40 загинати и голем број повредени во новиот израелски напад во Газа

ИДФ: Повеќе од 50 ракети лансирани од Либан кон северен Израел

Се подготвуваа конечната верзија на мировниот договор Израел-Хамас

Над 60 загинати во денешниот израелски напад во Газа

Горан Наумовски

Израелската армија упадна во градот Хеброн и ја затвори џамијата Ибрахими

Горан Наумовски