Херман Ван Ромпуј ќе ја напушти политиката кон крајот на 2014 година

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј, (65), најави дека ќе се откажe од политиката на крајот од својот мандат, што  завршува на крајот од 2014 година.

-Членови од моето семејство ќе бидат кандидати за изборите во Белгија. Тие кои сакаат да гласаат за Ван Ромпуј ќе имаат можност тоа да го направат. Крајот на 2014 е крај на мојата политичка кариера, изјави Ван Ромпуј во текот на емисија на белгискиот ТВ канал ВРТ, што емитува програма на холандски јазик.

Херман ван Ромпуј е поранешен белгиски премиер и од 1 јануари 2010 година претседава со Европскиот совет. Неговиот мандат, што може да се обнови сано еднаш, беше обновен во 2012 година и завршува на 30 ноември 2014 година.

Семејството Ван Ромпуј е добро застапено во политичкиот живот на Белгија. Братот на Херман, Ерик е фламански пратеник. Неговиот син, Петер, исто така, е член на фламанскиот парламент. Неговата сестра, Тине учествувала во повеќе избори на листите на крајната левица. Неговата сопруга Гертруди е помошник градоначалник на една општина во предградието на Брисел.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина