Хејгел најави интензивирање на нападите против ИД

Од:

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел денеска најави интензивирање на воздушните напади против екстремистите на групата Исламска држава (ИД) во Ирак.

Тој, образложувајќи ја американската стратегија во Конгресот, истакнал дека ирачките сили се се поефикасни о коалицијата предводена од САД ќе го зајакне темпото и интензитетот на воздушната кампања против исламистичките екстремисти.

Хејгел оцени дека борбата против ИД во Ирак и Сирија напредува, но дека американскиот народ мора да се подготви за долготрајни и жестоки судири.

– Офанзивата на ИД во деловите на Ирак е запрена, а во некои случаи ирачките, курдските и племенските сили, со поддршка на коалицијата и САД, ги натералена повлекување, нагласи Хејгел.

Меѓутоа, ИД и понатаму претставува сериозна закана за американските и сојузничките интереси, предупреди американскиот секретар за одбрана.

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ