Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг најави, во обраќање пред Парламентот, дека идната недела ќе ги посети Украина, Грузија и Молдавија во знак на поддршка на Киев и останатите проевропски влади во овој регион.
Грузија и Молдавија се две земји од поранешниот советски блок што во ноември минатата година почнаа преговори за пристапување кон ЕУ.
Истовремено, Украина се повлече од ваквите преговори со ЕУ на сметка на поблиски врски со Русија, што предизвика протести кои три месеци подоцна доведоа до смена на претседателот Виктор Јанукович.