Хасан Рохани води на претседателските избори во Иран

Од:

Според неофицијалните прелиминарни резултати на изборите за нов претседател на Иран води поранешниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност Хасан Рохани.

Според податоците на изборната комисија при Министерството за внатрешни работи, врз основа на повеќе од 5,2 милиона преброени гласови, Рохани освоил 52,30 отсто од гласовите, однос повеќе од 2,7 милиони гласови.

На второ место по бројот на гласовите се наоѓа конзервативниот градоначалник на Техеран Мохамед Бакер Калибаф со 17,33 отсто од гласовите. Актуелниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност и преговарач за иранската нуклеарна програма Сеад Џалили е на трето место со околу 13 отсто од гласовите или речиси 680.000 гласови.

Некои медиуми објавуваат дека Рохани добил значајна предност во текот на оваа недела, откако реформаторскиот кандидат Мохамад Реза Ареф се повлече во негова корист.

Засега не е познато кога ќе бидат познати конечните резултати.

Според иранските медиуми, одѕивот на изборите бил приближно 80 отсто од регистрираните 50 милиони граѓани со право на глас.

Доколку ниту еден од кандидатите не го освои потребното мнозинство во првиот круг, двајцата со најголем број на гласови ќе бидат противкандидати во вториот круг кој ќе се одржи на 21 јуни.

Би можело да ве интересира

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи издаде наредба до армијата, Иран се подготвува за војна со Израел

Горан Наумовски

Хамнеи: Се води физичка и психолошка војна против Иран и оската на отпорот

Заменик лидерот на Хезболах го напушти Либан, добил наредба од Иран итно да се евакуира

(ВИДЕО) Техеран откри кој стои зад нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху

Израелски медиуми: „Иран се обиде да го убие Нетанјаху“

Горан Наумовски

Иран и Хезболах му се закануваат на Израел по убиството на лидерот на Хамас

Катерина Ѓуровски