Хасан Рохани најави умереност во иранската надворешна политика

Од:

Новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани денеска вети дека ќе спроведува политика на „конструктивна интеракција“ со светските сили, со цел да изгради доверба и да ги елиминира тензиите.

– Умереноста во надворешната политика не значи ниту предавство нитуконфронтација, туку конструктивна и ефикасна интеракција со светот, истакна Рохани во своето прво телевизиско обраќање откако беше избран на 14 јуни.

Тој нагласи дека умереноста мора да „воспостави рамнотежа меѓу реализмот и идеализмот“. Рохани наведе дека „интеракцијата и дијалогот ќе се засноваат на принципот на реципроцитет, почитување и взаемните интереси“, додавајќи оти ќе се бори за „сите ирански права и барања на земјата“.

Техеран тврди дека нуклеарната програма е за цивилни цели, додека Западот и Израел се сомневаат дека зад нуклеарните активности на Иран се кријат воени цели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Предупредување од Иран до американските сојузници: Не им помагајте или вие сте следни

Катерина Ѓуровски

САД се погласно најавуваат распоредување на THAAD системот во Израел

Итно свикан кабинетот: Почнува одмаздата кон Иран

Предраг Петровиќ

Политико: Трамп и десетина негови поранешни соработници на иранската листа за отстрел

A1on

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“