Вработените во Амазон во Велика Британија ќе штрајкуваат на црниот петок. Повеќе од 1.000 работници во складиштето за дистрибуција на Амазон во Ковентри, Велика Британија ќе штрајкуваат на црниот петок во знак на протест за платите и работните услови, а работниците на Амазон од САД, Германија и Италија се очекува да се приклучат на штрајкот.
Синдикатите кои ги застапуваат работниците на Амазон објавија дека на вработените во компанијата им е доста од „само врзување крај со крај“ и најавија дека штрајкот ќе предизвика најголемо нарушување на функционирањето на компанијата во последните 30 години, пишува Индипендент, а пренесува Б92.
Британскиот синдикат GMB соопшти дека е разочаран што шефовите на Amazon одбиле да разговараат за платите и условите за работа.
„Тоа е навистина едноставно прашање. Сакаме компанијата да седне и да почне да разговара со нас. Тоа е разумно барање, но газдите на Амазон одбија да разговараат“, рече портпаролот на синдикатот GMB.
Центарот на Амазон во Ковентри е еден од најпрометните во Обединетото Кралство, така што штрајкот би можел да има значително влијание врз купувачите кои го користат црниот петок за да ги направат своите поволни пазари.
Претставниците на Амазон тврдат дека штрајкот во Ковентри нема да влијае на продажбата на црниот петок, бидејќи центарот на Амазон не ги опслужува директно нарачките на клиентите.