Хаос во мексички затвор: Упаднале со оружје и пукајќи кон полицијата им помогнале на десет криминалци да избегаат

Од:

Вооружена банда со неколку возила денеска упаднала во затвор во централно Мексико, а потоа успеале да извлечат девет затвореници и со нив да побегнат. Властите од Идалго, северно од Мексико Сити, во соопштение наведоа дека двајца полицајци се ранети во внимателно планираниот напад.

Војската и полицијата моментално трагаат по избеганите затвореници и напаѓачи, но се уште не откриле која банда е одговорна за бегството. Секретарот за внатрешни работи Симон Варгас изјави дека „вооружена група ги пробила затворските порти со возила, а важно е да се напомене дека во близина на затворот биле запалени две возила, што служело да го одвлече вниманието на оваа банда“.

Локалните медиуми објавија дека изгорените автомобили пронајдени по нападот всушност биле „автомобили-бомби“. Бандите во Мексико често користат запалени возила за да го свртат вниманието на полицијата, а често има и експлозии кога огнот ќе стигне до горивото.

Властите посочија дека меѓу избеганите затвореници има и осудени за убиство и киднапирање.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски