Хант нов британски министер за финансии, Аргар втор човек во Министерството

Од:

За нов министер за финансии во Велика Британија е назначен Џереми Хант, ветеран на претходните конзервативни влади и поддржувач на противникот на британската премиерка Лиз Трас, за време на летниот натпревар за лидерство, јавија дел од светските медиуми.

Хант е четврти министер за финансии на Велика Британија, откако земјата се најде во енергетска и инфлаторна криза.

Квази Квартенг денеска беше сменет по 38 дена на функцијата. Како причина се наведуваат економските последици поради неговиот мини буџет.

Хант претходно беше министер за надворешни работи, како и министер за здравство. Тој го поддржа Риши Сунак, откако пропадна неговиот обид да стане лидер на ториевците.

Откако го отпушти Крис Филп заедно со неговиот надреден Кваси Квартенг, Трас го назначи Едвард Аргар за втор човек во Министерството за финансии. Таа се надева дека со нов тим ќе успее да ја спаси Велика Британија од пазарните превирања и ќе ја стабилизира нејзината премиерска функција, пишуваат дел од медиумите.

Трас изјави дека „неверојатно жали“ поради отпуштањето на канцеларот на буџетот и призна оти пропадна нејзиниот фискален план.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година