Хан: Очекувам кандидатски статус за Украина и Молдавија на следниот самит на ЕУ

Од:

Европскиот комесар за буџет Јоханес Хан очекува на следниот самит на ЕУ официјално да им биде даден статус кандидати на Украина и на Молдавија.

dobivaj vesti na viber

Тој изрази надеж дека Бугарија ќе се откаже од ветото за почеток на пристапни преговори со Скопје и со Тирана.

Хан апелираше до бугарската влада да го укине ветото за отворање на пристапните преговори со Скопје и Тирана.

– Доколку Бугарија го укине ветото, тоа може да предизвика позитивна динамика во дијалогот меѓу Белград и Приштина и во БиХ, истакна Хан.

Тој посочи дека е важно Украина и Молдавија да се третираат еднакво, потсетувајќи дека Молдавија по глава на жител примила најголем број украински бегалци. Исто така, рече дека ќе поздрави двете земји да добијат кандидатски статус.

Што се однесува до Грузија, тој очекува на самитот да добие „европска перспектива“.

Поранешниот комесар за проширување ја поздрави и посветеноста на Австрија, земјата од која доаѓа, на пристапната перспектива на земјите од Западен Балкан.

„Се надевам дека ќе го искористиме овој момент“, рече Хан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џонсон: Верувам дека украинската армија може да ја врати одземената територија

Лукашенко: „Украина ја нападна Белорусија“

Кадиров најави дека руската армија е пред градот Новодружеск

ВИДЕО: Во украинскиот парламент поставено знамето на Европската унија

Катерина Павлова-Николовска

Ердоган: Повикуваме на нови напори за ставање крај на војната во Украина

А1он

Мицотакис: Грција е подготвена да помогне за пренос на заглавената пченица во Украина

А1он