Хан: Квалитетот пред брзината во однос на проширувањето на ЕУ

Од:

Идниот комесар за преговори за проширување и соседство на Европската унија, Јоханес Хан, вели дека квaлитетот ќе биде пред брзината во однос на приемот на идни земји во Унијата, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Хан, кој утре ќе биде испрашуван пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскито парламент во однос на протфолиото што од 1-ви ноември ќе го преземе до Штефан Филе, писмено одговори на петте писмени прашања на АФЕТ.

За тоа кои дејствија има намера да ги преземе за да се задржи моментумот на проширување и одржување на соодветните земји фокусирани на подготовка за пристапување, Јоханес Хан вели дека изгледите за пристапување кон ЕУ се главно сидро и управувач на реформите и дека Брисел мора сето тоа да го користи мудро. “Во исто време, јас сум решен дека секоја земја треба да влезе во ЕУ само откако ќе биде целосно подготвена”, додава Хан.

Идниот комесар за преговори за проширување смета дека во однос на проширувањето, квалитетот треба да биде пред брзината.

– Ќе продолжам со работа за подготвување на земјите преку рамката за проширување, вклучувајќи преговори, како и Процесот за стабилизација и асоцијација. Нашите партнери мора да разберат дека за овие подготовки ќе биде потребно време, но нашите заложби остануваат. Длабоки реформи се потребни и истите може да се постигнат постепено, со наша силна поддршка. Процесот на преговори обезбедува робусна рамка со јасни насоки. Јас ќе се осигурам дека секоја земја го разбира јасно она што се бара од неа да се движи напред, фокусирајќи се на напорите за ефикасно спроведување на најважните следни чекори – појаснува Хан, според кого особено се клучни поглавјата од владеењето на правото, политичкиот дијалог и соработката со земјите и да се користи целиот потенцијал на ИПА 2 за поттик на реформите.

Според Хан, тој ќе се залага за поголема доследност во пристапот на Еврокомисијата и дека Мешовитиот парламентарен комитет на ЕП може да помогне во одржување на моментумот за реформи од работата со нивните колеги во националните парламенти на земјите од проширувањето.

Во однос на тоа кои понатамошни акции има намера да ги преземе за да се развие социо-економската трансформација, вклучувајќи економско управување, демократија, владеење на правото и независноста на судството, како и борбата против корупцијата во земјите на проширување, Хан вели дека овие прашања се од фундаментално значење за подготовка на секоја земја да ги исполни критериумите од Копенхаген, а во догледно време да функционира како целосно ефективни земја-членка.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ