Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во својата реакција по повод вчерашните случувања во Куманово апелира да се врати смиреноста и целосно да се истражат настаните.
„Длабоко сум загрижен за состојбата во регионот на Куманово и можните повредени и загинати. Апелирам до властите и до сите политички и лидери на заедниците да соработуваат, да ја вратат смиреноста и целосно да ги истражат настаните на објективен и транспарентен начин според законите.
Апелирам до сите актери за најголема воздржаност. Секоја понатамошна ескалација треба да се избегнува, а тоа е во најголема важност во интерес на целокупната стабилност во земјата“, се вели во реакцијата на Хан.
Извор: Мета