Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи денеска и забрани на Владата да увезе вакцини против Ковид-19 од САД и од Велика Британија.
– Увозот на американски и британски вакцини во земјата е забранет. Тоа им го кажав и на официјалните лица и сега кажувам јавно, истакна Хамнеи во говорот што беше пренесуван на телевизија.
Тој додаде дека „ако Американците можат да произведат вакцина тогаш не би имале такво коронавирус фијаско во својата земја“.