Откако британскиот нафтен „џин“ БП, пред две години се согласи да плати 7,8 милијарди долари отштета поради загадување на Мексиканскиот залив поради излевање нафта, и американската фирма Халибартон се согласи да плати 1,1 милијарди долари отштета поради таа еколошка несреќа.
Во експлозија на нафтена платформа Дип Вотер Хорајзон во 2010 година, загинаа 11 работници, а нафтата со месеци се излеваше од платформата во Мексиканскиот залив уништувајќи го рибниот фонд, загадувајќи го брегот и загрозувајќи го рибарството во тој дел од САД.
Отштетата ќе биде исплатена на рибарската индустрија и други жртви на несреќата. Халибартон обезбедувал цемент за изградба на нафтената платформа и лани признаа дека уништиле компјутерски симулации кои инженери ги изработиле по несреќата.