Хакери ги украле плановите за изградба на нова централа на австралиското разузнавање

Од:

Кинески хакери ги украле градежните планови за централата на австралиското разузнавање, која се наоѓа во изградба, објави австралиска телевизија.

Хакерите упаднале во компјутерите на градежната компанија, која работи на новата разузнавачка централа во Канбера и украле податоци за распоредот на катовите на зградата, што се проценува на 630 милиони австралиски долари. Тие успеале да дојдат и до информации за распоредот на комуникациските и компјутерските мрежи на новата централа на разузнавањето.

Австралиски владини претставници одбија да го потврдат или отфрлат соопштението за хакерскиот напад.

Министерот за надворешни работи Боб Кар изјави дека тврдењата не претставуваат закана за врските со Кина.

– Тоа нема никакви последици за нашето стратегиско партнерство. Нема да коментирам дали Кина го направила тоа што се тврди или не, изјави тој.

Партијата „Австралиски зелени“ хакерскиот напад го оцени како значителен напад врз безбедноста и побара разгледување на случајот.

Би можело да ве интересира

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Предраг Петровиќ

КБЦ Загреб: Не нападнаа хакери, моравме се да исклучиме

Горан Наумовски

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски