Четири деца и нивната мајка загинаа откако поради силни дождови се урна ѕид од нивната куќа во Порт О Пренс, претстолнината на Хаити соопштија официјални лица.
-Жртвите вклучувајќи го и новороденчето, загинаа внатре во својата мала куќа- изјави Наѓа Локхард од Канцеларијата за цивилна заштита на Хаити за „Франс прес“.
Силните дождови кои изминатите денови го погодија овој регион, дополнително го отежнуваат животот во градот, кој се уште се опоравува од последиците од катастрофалниот земјотрес во јануари 2010 година.
Ова семејство беше меѓу стотиците илјади луѓе кои веќе три години живеат во шатори и мали приправени куќи во претстолнината на Хаити. Во земјотресот загинаа повеќе од 200.000 лица, додека над милион останаа без своите домови.
Елена Георгиевска