Хаити: Повеќе од 2.200 луѓе загинаа во земјотресот

Од:

Агенцијата за цивилна заштита на Хаити вчера соопшти дека 344 лица се уште се водат како исчезнати по катастрофалниот земјотрес.
Најмалку 2.207 луѓе загинаа, а повеќе од 12.268 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Хаити минатиот викенд.

Во потресот се уништени околу 53.000 објекти.

Американскиот геолошки завод (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на 12 километри североисточно од Сент Луис ду Суд, на длабочина од 10 километри.

Премиерот на Хаити Ариел Хенри претходно изјави дека земјотресот причинил голема материјална штета. Тој прогласи едномесечна вонредна состојба во државата.

Еден од најсмртоносните земјотреси во светот во минатиот век е регистриран токму на Хаити на 12 јануари 2010 година.

Според официјалните податоци, тогаш загинаа 316.000 луѓе, а 300.000 беа повредени во потресот со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала, кој се случи во јужниот дел на земјата. По оваа природна катастрофа околу 1,3 милиони луѓе останаа без своите домови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Најмалку 40 загинати во пожар кај Хаити поради вуду ритуал

Хаити се бори со банди, нема доволно полицајци, сменет е шефот на полицијата

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството