Во несреќата што се случи во Хаити, кога камион излета од патот во канал, загинаа 20 лица, пишува локалниот весник “Maten”.
Според весникот, во приколката на камионот патувале аџии кон северниот дел на Хаити, кога се случила незгодата на автопат во близина на градот Маршан Дезалин.
Весникот наведува дека камионот паднал на некои од патниците, додека другите се удавиле.
Сообраќајни несреќи со многу жртви се честа појава во Хаити, каде што правилата не се почитуваат и спроведуваат.