Хаити без претседател и со перспектива за долгорочно безвластие

Од:

Фена – Сараево

Мајкл Мартли го заклучи својот претседателски мандат без предавање на власта на наследник поради одложување на изборите на Хаити, што земјата ја внесува во длабока криза, точно 30 години по крајот на диктатурата на семејството Дувалие.

Пред пратениците собрани во Конгресот, досегашниот претседател направи биланс на 5-годишниот мандат. „Историјата ќе се сеќава наспроти разните проблеми на темелите врз кои изградив поубав Хаити‟.

„Историјата ќе бележи и мои неуспеси за кои преземам одговорност, а меѓу нив најмногу жалам поради одложените претседателски избори‟ – додаде тој во последното обраќање до нацијата.

Изборната постапка е запрена по оспорувањето на опозицијата која го осуди „изборниот државен удар‟ подготвен од државната власт.

Во првиот круг на претседателските избори на 25 октомври кандидатот за власт Јовенел Моисе собрал 32,76 отсто гласови наспроти 25,29 отсто на Јудеа Селестина кој резултатот го нарече „смешна фарса‟.

Вториот круг на претседателските избори и делумните парламентарни избори, прво беше предвиден за 27 декември, одложен во почетокот на 24 јануари, а потоа за 24 април, што го спречи Мајк Мартелеј да ја пренесе власта на наследникот на 7 февруари како што наложува Уставот.

30 години по завршувањето на диктатурата на Дувалие, Хаити се уште има проблеми да организира избори кои не би биле оспорувани и од кои населението би било задоволно.

Перспективата на долгорочно безвластие е нов проблем за слабата економија во најсиромашната земја на Карибите.

Врз основ на договорот постигнат во последен момент со помош на Вашингтон и други странски сили, парламентот требаше да избере привремен претседател во идните неколку дена. Но, групата кандидати од првиот круг на претседателските избори го одби тоа барање и побара судијата на Врховниот суд да ја води таа постапка.

Кандидатите предводени од Селестина веруваат дека пратениците избрани на истиот ден на проблематичните избори во октомври немаат легитимитет да ја контролираат власта или да бираат претседател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Најмалку 40 загинати во пожар кај Хаити поради вуду ритуал

Хаити се бори со банди, нема доволно полицајци, сменет е шефот на полицијата

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството