Хадид: Анкара спроведува „турцификација“ на Сирија

Од:

Турција се обидува да го бетонира своето присуство на окупираните сириски територии со политиката на „туркификација“, изјави денеска сирискиот амбасадор во Москва, Ријад Хадид, на седницата на Советот на Федерацијата.

-Турција не престана да го крева своето знаме над окупираните територии. Исто така, таа отвори турски владини институции, унапредувајќи ја политиката на туркификација и ја промени својата училишна програма како да зборува „ се вративме во средновековно време кога било која држава можела да освои територија на друга суверена држава, занемарувајќи го меѓународното право, наведе Хадид.

Сирискиот дипломат нагласи дека неговата земја стана жртва на „новиот вид повреди на суверенитетот на државата и мешањето во внатрешните работи“, додека „надворешните играчи“ отворено ги поддржуваат терористичките групи, пренесува Тасс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години