Гувернерот на Окинава ја стопира изградбата на американската база

Од:

Гувернерот на Окинава, Такеши Онага нареди стопирање на изградбата на контроверзната американска воена база.

Онага, кој се бори против изградбата на воздушната база, е избран во ноември, победувајќи го својот претходник, кој ја поддржуваше изградбата на воената база Футенма, која сега се наоѓа во густо населената градска област, а треба да се премести во крајбрежна област.

На овој чекор Онага се одлучил, откако за време на подводните истражувања, кои минатиот месец ги изврши Владата на Окинава, е откриено дека коралните гребени се оштетени со бетонскиот блок, кој потонал.

– Со оглед на тоа што бушењето на карпите очигледно е извршувано надвор од областа, за која е побарана дозвола, наредив да се стопираат работите се додека не се испита проблемот, изјави Онага.

Шефот на кабинетот на јапонскиот премиер, Јошиде Суга изјави во Токио дека овој чекор на Онага е за жалење.

– Градежните работи се извршуваат, откако Онага се согласи со тоа. Не е возможно работите да се стопираат, рече тој.

Околу половина од вкупно 47 илјади американски војници, кои се наоѓаат во Јапонија се сместени на Окинава, архипелаг, кој има стратешко значење.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот