Гувернерот на Калининград тврди дека руското МНР ќе го повика амбасадорот на ЕУ поради литваната забрана за транзит

Од:

Руското Министерство за надворешни работи денеска ќе го повика на разговор амбасадорот на ЕУ во Москва Маркус Едерер поради забраната на Литванија за движење на стоки опфатени со санкциите на ЕУ преку Калининград, соопшти вчера гувернерот на Калининград.

Вилнус го забрани транзитот на стоки опфатени со санкциите на ЕУ преку територијата на Литванија до и од руската ексклава лоцирана меѓу Литванија и Полска.

– Ова е, се разбира, ситуација која може да се реши преку дипломатија, изјави за руската телевизија Антон Алиханов, гувернерот на Калининград. – Колку што знам, утре Маркус Едерер, амбасадорот на ЕУ во Русија, ќе биде повикан во Министерството за надворешни работи“, изјави тој вчера.

Руското Министерство за надворешни работи се уште не ја потврди информацијата, но Кремљ вчера ја осуди литванската блокада.

Литванската одлука за блокирање на железничкиот сообраќај меѓу Русија и енклавата Калининград на Балтичкото Море е „незаконска“, објави Кремљ.

– Одлуката е навистина без преседан и штетна за сите, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Членките на ЕУ редовно ги засилуваат санкциите против Русија по нејзината инвазија на Украина во февруари.

Неколку источноевропски земји, како што е Литванија, воведуваат и засебни санкции, поради нивната загриженост дека Русија еден ден ќе полага право и на нивната територија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ