Гутереш: Важен чекор кон обновување на црноморската рута

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека во разговорите меѓу претставниците на Русија, Украина, Турција и на ОН е направен „значаен, суштински чекор“ кон сеопфатен договор за обновување на црноморската рута за извоз на украинското жито.

„Се надеваме дека идната седмица ќе можеме да постигнеме конечен договор. Но, како што реков, потребна ни е уште многу добра волја и посветеност на сите страни“, рече генералниот секретар пред новинарите во Њујорк.

Според неговите зборови, иако постои обостран ангажман кај Русија и кај Украина, „до мирот престои долг пат“.

Преговорите на претставници на Русија, Украина, Турција и на ОН за продолжување на извозот на жито од Украина преку Црното Море резултираа со договор за формирање координативен центар со што би се осигурала безбедност на рутата, соопшти претходно денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Тој додаде дека договорот ќе биде потпишан наредната седмица за кога е предвидена нова средба на претставниците на сите страни во преговорите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации

Катерина Ѓуровски

Израел му забрани влез во земјата на шефот на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Гутереш: Либан не смее да прерасне во нова Газа

Горан Наумовски

Гутереш го критикуваше Израел дека го „саботира“ решението за две држави со Палестина

Гутереш: Не сум видел толку многу смрт и уништување како во Газа

Светот не може да си дозволи уште една војна предупреди Гутереш

Катерина Ѓуровски