Гутереш повика на солидарност: Сите да придонесеме за закрепнување во 2022 година

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на солидарност и единство за решенија кои можат да им помогнат на сите луѓе, наведувајќи дека поддршката за закрепнување треба да биде клучна обврска во 2022 година.

Во својата новогодишна порака, Гутереш истакна дека светот ја дочекува 2022 година со бројни предизвици, како што се растечката сиромаштија и зголемената нееднаквост, нееднаквата распределба на вакцините против Ковид-19, неисполнетите ветувања во борбата против климатските промени, но и конфликти, поделби и дезинформации.

– Ова не се само тестови за политичарите. Ова се морални и реални животни тестови. Ова се испити кои човештвото може да ги положи доколку се обврземе 2022 година да ја направиме година на закрепнување за сите, истакна Гутереш.

Тој изнесе детали за тоа како е можно закрепнување на секој од постоечките фронтови.

– Закрепнувањето од пандемијата бара силен план за вакцинација на секој човек, секаде во светот. За закрепнување на економијата, побогатите земји мора да го поддржат светот во развој, со финансирање, инвестиции и отпишување на долговите. Закрепнување од недовербата и поделеноста бара да се стават науката, фактите и разумот во преден план, додаде генералниот секретар на ОН.

Според него, за закрепнување од конфликтите потребно е „обновен дух на дијалог, компромис и помирување“, а за закрепнување на планетата потребни се заложби во борбата против климатските промени, кои ќе бидат согласно обемот на кризата и итноста за нејзино надминување.

Би можело да ве интересира

Зеленски одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации

Катерина Ѓуровски

Израел му забрани влез во земјата на шефот на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Гутереш: Либан не смее да прерасне во нова Газа

Горан Наумовски

Гутереш го критикуваше Израел дека го „саботира“ решението за две држави со Палестина

Гутереш: Не сум видел толку многу смрт и уништување како во Газа

Светот не може да си дозволи уште една војна предупреди Гутереш

Катерина Ѓуровски