Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш денеска на самитот за климатски промени кој што се одржува во Бон повика од државите да ја одредат цената на емисиите на јаглерод диоксид за да се помогне во борбата против глобалното затоплување и повика на прекинување на лошите инвестиции во фосилните горива.
Тој се обрати пред претставници од речиси 200 земји на самитот во Бон, каде што се работи на деталите од договорот за климатски промени од Париз од 2015 година, кој има за цел да ја заврши ерата на фосилните горива во овој век.
Гутереш рече дека преминувањето на чисти извори на енергија би го зголемил, а не би го отежнал економскиот раст.
Учесниците на конференцијата која што се одржува од 6 до 17 ноември се обидуваат да започнат акции во врска со климатските промени, откако американскиот претседател Доналд Трамп, одлучи да ги повлече САД од Парискиот договор.
Гутереш ги повика владите да одредат цена на јагленот како би ги намалиле емисиите.