Гутереш: Потребна е независна истрага за кршење на меѓународното право во Украина

Од:

Сите извештаи за кршење на меѓународното хуманитарно право, како и за потенцијални воени злосторства во Украина, бараат спроведување независна истрага, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на заедничката прес-конференција со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

– Загрижен сум поради постојаните извештаи за кршење на меѓународното хуманитарно право и потенцијални воени злосторства. Тие бараат независна истрага, рече тој.

ОН се подготвени да користат ресурси за евакуација на цивилите од Мариупол, вклучително и фабриката Азовстал, нагласи тој.

Гутереш изрази жалење што ОН не станаа дел од нормандискиот формат за да можат да го следат почитувањето на договорите од Минск за решавање на конфликтот во Украина.

– Секретаријатот на ОН целосно ги почитува и спроведува сите резолуции на Советот за безбедност на ОН. Ако денес жалам за нешто, тоа е што на ОН не им беше дозволено да станат дел од нормандискиот формат за да го следат спроведувањето на договорите од Минск, рече генералниот секретар кој е во посета на Москва.

Според него, евакуацијата на цивилите и доставувањето помош преку хуманитарните коридори во Украина мора да бидат обезбедени од сите страни. Овие коридори мора да бидат безбедни и ефективни и сите да ги почитуваат, нагласи Гутереш.

Тој рече дека ОН се подготвени да користат ресурси за евакуација на цивили од Мариупол, вклучително и фабриката Азовстал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Најголема размена на воени заробеници од почетокот на руската инвазија

А1он

Ердоган смета дека е можно да се отвори коридор за извоз на жито од Украина

А1он

Најмалку 10 лица загина при руски напад врз трговски центар во Кременчук

А1он

Шолц: Нема враќање на состојбата од пред рускиот напад врз Украина

А1он

Најмалку двајца загинати при руски напад врз трговски центар во Кременчук

А1он

Г-7 се обврза на поголема воена и финансиска помош за Украина

А1он