Гутереш: ОН под итно треба да распореди меѓународни специјализирани воени сили на Хаити

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара од Советот за безбедност на ОН итно да го разгледа барањето на Хаити за распоредување на меѓународни специјализирани воени сили за да помогнат во решавањето на хуманитарната криза во земјата, изјави вчера портпаролот на ОН.

-Генералниот секретар е многу загрижен за ситуацијата на Хаити, која се соочува со епидемија на колера во услови на драматично влошување на безбедноста, што ја парализираше земјата, рече Стефан Дужариќ.

Животот на Хаити од минатиот месец е речиси замрен откако повеќе банди го блокираа терминалот за гориво во Варо. Недостигот на гориво го оневозможува транспортот и ги принуди бизнисите, како и болниците, да престанат со работа.

Тоа доведе и до недостиг од вода во шишиња, токму во моментот кога земјата ја потврди новата епидемија на колера, чие ширење најдобро се контролира со хигиена и чиста вода.

Владата на Хаити во петокот го овласти премиерот Ариел Анри да побара „специјализирана воена сила“ од меѓународната заедница за да помогне во решавање на кризата предизвикана од блокадата на клучните пристаништа за гориво.

-Гутереш вчера испрати писмо до Советот за безбедност со опции за засилена безбедносна поддршка, додаде Дужарик.

Група хаитски интелектуалци и активисти кои жестоко го критикуваат премиерот Анри , го опишаа неговиот чин како предавство и додаде дека странските сили само ќе ги влошат работите во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Најмалку 40 загинати во пожар кај Хаити поради вуду ритуал

Хаити се бори со банди, нема доволно полицајци, сменет е шефот на полицијата

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството