Главните луѓе во „Гугл“ доброволно соработувале со американската национална агенција за безбедност (НСА), објави телевизиската мрежа „Ал Џезеира“, која што поседува и електронска пошта која тоа го покажува.
Електронската пошта помеѓу директорот на НСА, генерал Кит Александер, основачот на „Гугл“, Сергеј Брин и извршниот претседател на компанијата Ерик Шмит датира од времето пред Едвард Сноуден да ги обелодени информациите, дека НСА преку интернет шпионира луѓето во светот.
Кит Александер во пораката која што е испратена на 28-ми јуни 2012 година го повикува Ерик Шмит, да присуствува на четиричасовен доверлив состанок за закани, кој ќе се одржи на 8-ми август во „безбеден објект во близина на аеродром во калифорнискиот град Сан Хозе“.
-Разговорот на состанокот ќе се однесува на одредени теми и ќе биде посветен на донесување одлуки, со фокус на мобилност на заканите и безбедноста- напишал Александер на својот меил, до кој што „Ал Џезеира“ дошла врз основа на барање по основа на Закон за слобода на информации.
Објавено е дека Шмит не бил во можност да присуствува на тој состанок.
Е. Г.