Грузиските власти го уапсија Саакашвили

Од:

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили денеска е уапсен откако по осум години се врати во својата татковина.

Како што јави руската агенција ТАСС, апсењето на грузискиот опозиционер го потврди премиерот на Грузија Иракли Гарибашвили во пресрет на локалните избори.

Саакашвили, кој ја предводеше револуцијата во Грузија во 2003 година, смета дека обвинувањата против него, кои се однесуваат на наводна злоупотреба на службената положба и прикривање, се политички мотивирани.

Апсењето се случи 18 часа откако Саакашвили, кој беше прогласен за виновен во отсуство и кој живееше во Украина во последните години, објави на Фејсбук дека се враќа во Грузија.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он