Опозицискиот блок Грузиски сон на милијардерот Бидзин Иванишвили по преброени 100 отсто од гласовите, води на изборите според партиските листи со 54,85 отсто гласови, додека Обединетото национално движење на актуелниот претседател Михаил Саакашвили.
Парламентарните избори во Грузија се одржаа во понеделникот 1-ви октомври. Претседателот Саакашвили од името на досега владејачката партија којашто има освоено 40,4 отсто од гласовите, претходно го призна поразот.
Овие резултати од петокот се однесуваа на дел од изборите коишто се спроведуваат според изборните партиски лиси, кои даваат 77 пратеници од 150-члениот парламент на Грузија. Преостанатите 73 пратеници се избираат единечно, надвор од изборните лиси, а резултатите од овој начин на гласање се уште не се познати.
Во петокот, исто така, лидерот на коалицијата Грузиски сон, милијардерот Бидзин Иванишвили, на средбата со претставникот на НАТО за Јужен Кавказ, Вилијем Лахју, вети дека го „забрза темпото на развивање на демократските институции во Грузија и со самото тоа процесот на интеграција во НАТО”, се наведува на официјалната страница на Иванишвили на социјалната мрежа Фејсбук. Се додава дека Лахју му ја честитал победата на Иванишвили.