Грузија: Комитетот го усвои законот за „странски агенти“, 20 приведени на протести

Од:

Најмалку 20 лица се приведени на денешните протести пред Парламентот на Грузија, каде што утрово, без учество на опозицијата, Правната комисија го усвои предлог-законот „За транспарентност на странско влијание“.

Министерството за внатрешни работи на Грузија соопшти дека демонстрантите пред парламентот „го нарушиле јавниот ред, и дале отпор на полицијата и ги навредувале“ полицајците, поради што се уапсени 20 од нив, меѓу кои еден руски државјанин и двајца американски државјани, јави Интерфакс.

Опозициските пратеници тврдат дека не им било дозволено да влезат во зградата на парламентот каде Комисијата за правни прашања го усвоила законот по две минути, со што се отвора патот за гласање за законот во собранието оваа недела, според Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он