Грузија добива влада во четврток?

Од:

Грузискиот парламент ќе гласа за нова влада на 25-ти октомври, изјави претседателот на парламентот Давид Усупашвили, на првата седница на новиот парламент.

Тој рече дека претседателот на Грузија го претставил составот на новата влада и нејзината програма. По консултациите со парламентарното мнозинство и малцинство одлучено е дека за новата влада и нејзината програма ќе се дискутира на втората седница во парламентот, во четврток.

Според Усупашвили, претходно за тоа ќе расправаат парламентарните фракции и комитети со кандидатите за министерските места.

Кандидатот за премиер Иванишвили вчера го поднесе составот и програмата на новата влада, која ќе ја формира неговата коалиција Грузиски сон, до претседателот Сакашвили.

Таа коалиција победи на изборите на први октомври, освојувајќи 85 од 150 пратенички места во парламентот.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија