Грушко: НАТО и ЕУ се подготвуваат за воен конфликт со Русија

Од:

НАТО и Европската Унија се подготвуваат за воен конфликт со Русија, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација Александар Грушко во разговор со новинарите.

„Беше одржан многу важен разговор за многу сериозно прашање“, рече тој по состанокот на работната група „Единствена Русија“ во Државната Дума, пренесува ТАС.

Грушко рече дека се разговарало за војната и мирот, моменталната безбедносна состојба и воените подготовки на НАТО и Европската Унија.

„Тие конкретно се подготвуваат за воен конфликт со Руската Федерација“, нагласи Грушко, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Москва предлага пакт со НАТО