Шпанското обвинителство почна истрага против група свештеници за сексуално злоставување на малолетни лица. Свештениците се отстранети од должност од архиепископијата во Гранада, јужна Шпанија.
Скандалот избувна по жалбата, која прво беше испратена до Ватикан, а папата Франциско наредил истрага.
– Судот во Гранада почна истрага против 12 лица поради сексуално злоставување. Не знаеме дали сите тие лица се свештеници, изјави судски претсатвник.
Папата Франциско се залага за нулта толеранција кон педофилијата.