Грозоморно убиство: Крвнички убиен доставувач на храна

Од:

Членот на бандата MS-13 Оскар Солис (30) е обвинет за убиство на возач на испорака на Uber Eats во Холидеј, Флорида.

Солис нарача храна, а кога дојде доставувачот прво се обиде да го ограби, настан што подоцна прерасна во убиство. Истражители ги пронајдоа распарчените останки на доставувачот во вреќи со ѓубре, пишува Си-Ен-Ен.

„Она што го направи беше демонско“, изјави шерифот Крис Ноко.

Шерифот рече дека осомничениот е поврзан со насилната банда МС-13, која е позната по трговија со луѓе и дрога.

Пред да биде убиен, поробувачот и испрати порака на сопругата дека има уште само една достава и дека наскоро ќе биде дома. После тоа повеќе нема контакт со сопругата која се посомневала што го снемало сопругот и повика полиција.

Користејќи го GPS-от на апликацијата за испорака на храна, полицијата откри дека последната локација на која бил доставувачот е куќата на Солис. Откако ги прегледа надзорните камери, полицијата го видеа Солис како влече вреќи со ѓубре низ дворот.

Набрзо ее пронајдени вреќите, а во нив беа посмртните останки на доставувачот, кои беа завиткани во облека.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски