Во удар на гром во едно поле на истокот на Индија денеска погинаа 13 селани, објавија локалните медиуми.
Покрај тоа, во несреќата што се случи во сојузната држава Западен Бенгал повредни се уште најмалку 20 лица, пренесоа американските медиуми.
Во невремето што го зафати истокот на Индија, исто така, погина една 31-годишна жена, кога врз рикшата во која се наоѓала паднало дрво, изјави локален претставник, кој побара анонимност.
Северот и истокот на Индија викендов ги погоди силно невреме, а метеоролозите предвидуваат дека јужниот брег во текот на следната недела ќе биде зафатен од силни монсунски дождови.