Гробница со 20-тина тела откриена во Славјанск

Од:

Украинските власти денеска соопштија дека нивните сили откриле масовна гробница во градот Славјанск, кој до неодамна беше под контрола на проруските сепартисти од источна Украина.

Како што соопшти советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, во гробницата имало околу 20 тела, од кои најмалку четири биле во цивилна облека.

– Знаеме дека има и други масовни гробници како оваа, но не знаеме каде е. Ова е прва што ја откривме, нагласи Герашченко.

Според него, четирите тела во цивилна облека им припаѓале на локални жители, кои биле грабнати од страна на сепартистите за време на неделна служба во една црква.

Украинските власти, кои на почетокот на месецов воспоставија контрола над Славјанск, информираа дека водат истрага за неколку случаи на исчезнати лица од градот.

Според Високиот комесаријат за човекови права на ОН во украинските населени места под контрола на проруските сепаратисти исчезнале десетици лица.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина