Верувам во идејата за Европа на сите, во европска Романија, посочува романскиот премиер Сорин Гриндеану во пораката по повод 9 мај, јави агенцијата Аџерпрес.
Гриндеану во својата порака забележува дека во текот на 10-те години членство на Романија во ЕУ „Романците направија важни чекори кон трансформација на оштеството во корист на граѓаните“.
„Денеска одбележуваме три фундаментални историски настани – 140 години од прогласување на независноста на Романија, Денот на Европа и Денот на победата на коалицијата на обединетите нации во Втората светска војна“, посочува романскиот премиер.
Во својата порака Гриндеану го потенцира значењето на секоја од годишнините одделно и посочува дека Романија верува во европскиот проект и презема конструктивна улога во него.